Published: Friday, June 16, 2017 09:36
Министрите за финансии од Еврогрупата на средбата во Луксембург постигнаа договор за грчкиот долг, што ќе го овозможи отпуштањето на следната спасувачка транша свежи пари за Атина.
Траншата која Грција ја добива изнесува 8,5 милијарди евра, што е повеќе од седумте милијарди, за кои Грција има итна потреба за да може во јули да ги плати своите ануитети од долгот и да го избегне банкротот.
Ваквиот исчекор доаѓа откако меѓународните кредитори на земјата беа поделени по прашањето како да се изменаџира третиот спасувачки пакет по грчкиот финаниски крах од пред седум години.
Грција е во процес на изведување тешки реформи за да добива натамошна спасувачка помош од своите европски кредитори.




