Утринава во својот дом во Лудвигсхафен почина Хелмут Кол, јави германскиот весник Билд. Таткото на германската реунификација, човекот кој ги спои Источна и Западна Германија, имаше 87 години.
Toj беше шеф на германската влада од 1982 година до 1998 година, најдолг мандат во 20 век на првиот човек на владата во Германија. Негов модел во политиката беше Конрад Аденауер, првиот канцелар на Германија по Втората светска војна.
Кол стана канцелар на 1 октомври 1982 година. Тој и францускиот претседател Франсоа Митеран беа инцијаторите на еврозоната. Кол успеа да ги убеди Германците да ја напуштат нивната сакана и моќна марка.
Неговото здравје одамна беше лошо. Во 2008 година тој, по еден пад, имаше мозочен удар кој го закова во инвалидска количка и му парализираше дел од лицето. Во 2012 година тој мина низ тешка операција на срцето и уште две други операции во 2016 година.
Целиот свет се сеќава на историската фотографија со Митеран, симбол на франко-германското помирување на која двајцата се држат за рака. Во 1984 година Кол и Митеран во Верден го одбележаа 70 години од почетокот на Првата светска војна.




