Published: Sunday, June 18, 2017 09:45
Огромен шумски пожар во Португалија однесе 43 животи а десетици лица се повредени.
Пожарот, во регионот на Лериа во центарот на Португал, одеднаш нагло се засилил и некои од жртвите биле фатени во огнена стапица во нивните авотомобили.
“Ова е без сомнение најголемата трагедија што се случила во шумските пожари”, со многу емоции изјави португалскиот премиер Антонио Коста.
Португалија е зафатена од топлотен бран и температури кои во саботата во некои региони поминаа и 40 степени. Во текот на ноќта низ цела земја имаше пријавено 60 пожари.
Ангажирани се 1.700 пожарникари а соседната Шпанија помага со свои канадери.




