Published: Tuesday, June 20, 2017 12:17
По веста за смртта на американскиот студент кој беше затвореник во Северна Кореја 17 месеци, претседателот на САД, Доналд Трамп ја осуди Северна Кореја и ја нарече брутален режим.
Пјонјанг го врати 22-годишниот Ото Вормбиер во САД минатата недела откако властите соопштија дека тој бил во кома една година.
Трамп изјави дека смртта на студентот во болницата во Синсинати ја продлабочила одлуката на неговата администрација да работи спречување на трагедии на невини луѓе кои паднале во рацете на режими кои не го почитуваат владење на правото и основните човекови права.
Вормбиер беше уапсен за време на неговото патување во Северна Кореја во јануари, 2016 година.




