Published: Wednesday, June 21, 2017 18:21
Кралот на Саудиска Арабија го номинираше својот син Мухамед бин Салман за принц, ставајќи го прв на листата наследници на круната. Ова значи дека младиот 31-годишен бин Салман ќе стане заменик премиер а во исто време ќе ја извршува функцијата министер за одбрана.
Досегашниот принц, 57-годишниот Мухамед бин Најеф е сменет од оваа позиција.
Саудиска Арабија е земја која од 70-тите и 80-тите е управувана од кралеви. Пред Мухамед бин Салман да ја добие поддршката од својот татко на домашен план, тој управуваше со војниците на Саудиска Арабија во војната во Јемен со што практично ја уредуваше економската политика.
Тој важи за близок со американскиот претседател Доналд Трамп.




