Лидерите на земјите членки на Европска Uнија ги продолжија санкциите кон Русија на уште шест месеци поради непочитувањето на договорот од Минск, соопшти претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
„Постигнавме договор. ЕУ ќе ги продолжиме санкциите кон Русија“, соопшти Туск најпрво на Твитер.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека санцкиите би можело сериозно да ги загрозат билатералните односи. Тој ова го изјави по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
Лавров додаде дека американските санкции претставуваат „залуден обид за притисок врз Москва“ и го потврди откажувањето на состанокот на неговиот заменик Сергеј Рјабков со заменик американскиот државен секретар Том Шенон. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп претходно воведе санкции против 38 поединци и компании поради конфликтот во источна Украина.
ЕУ воведе санкции кон Русија пред три години кога жителите на Крим, на референдум, одлучија полуостровот да стане дел од Русија, за што Брисел ја обвини Москва.




