За денеска е закажана седница во Регулаторната комисија на која на енергетските компании ќе им биде претставен предлогот за намалување на цената за околу 5 проценти.
Образложението за намалување на цената е намалената потрошувачка на електрична енергија кај тарифните потрошувачи од овој период лани до сега но и падот на цената на светските берзи.
И покрај барањето на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, струјата дека би требало да поскапи за 30 проценти, барање дадено на почетокот од месецов до Регулаторот, согласно нивните пресметки за трошоците на компаниите во претходниот едногодишен период, Комисијата голем дел од нив ги отфрли.