Пет лица се уапсени во реонот на турско-сириската граница под сомнение дека подготвувале бомбашки самоубиствени напади, се наведува во денешното соопштение на гувернерот на турскиот јужен округ Хатај.
„Пет напаѓачи од Сирија се испратени во нашата земја за да извршат самоубиствени бомбашки напади. Тие се уапсени во вчерашната операција, пред да стигнат до централниот дел на Хатај“,пишува во соопштението.
Двајца од уапсените на себе имале појаси со експлозив, кои биле деактивирани.
Тројца од уапсените се државјани на Сирија, а другите двајца се Турци.