Published: Monday, June 26, 2017 08:58
Првичните резултати од вчерашните парламентарни избори во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија обезбедила парламентарно мнозинство. На овие избори се гледаше како на клучни во врска со идните односи на таа земја со Европската унија.
поред излезните анкети, социјалистите на премиерот Еди Рама ќе добијат од 45 до 49 насто од гласовите, доволно за над 71 место во Парламентот од 140 пратенички места.
Умерено десната Демократска партија на Љуљзим Баша, кој е голем поклоник на американскиот претседател Доналд Трамп, според проценките ќе добие 30 насто од гласовите.




