Шест лица загинаа, а 31 се водат за исчезнати, откако туристички брод со околу 170 патници потона во близина на Гуатапе, гратче на околу 40 километрки од колумбискиот град Меделин, соопштија локалните власти. Колумбиските власти прво рекоа дека загинале 9 лица, но потоа ја поправија бројката на шест.
– Други 99 лица беа спасени веднаш, а уште 40 се извлекле сами, рече шефот на службата за справување со катастрофи во департманот Антиокија Маргарита Монкада.
Преживеани луѓе рекоа дека слушнале силна бучава пред бродот да почне да тоне, и дека не сите патници имале спасувачки елеци. Полицијата вели дека во моментов немаат информациии од кои причини се случило потонувањето.
Властите спроведуваат спасувачка операција. Претседателот Хуан Мануел Сантос изјави дека спасувачите и воздухопловните сили им помагаат на патниците на местото на бродоломот




