Од понеделник поевтинува електричната енергија. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на електричната енергија од први јули ќе биде пониска за 5,24 отсто.
Според претходните информации, поевтинувањето доаѓа како последица на намалената потрошувачка на електрична енергија, но и намалениот увоз.
И покрај барањето на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, струјата дека би требало да поскапи за 30 проценти, барање дадено на почетокот од месецов до Регулаторот, согласно нивните пресметки за трошоците на компаниите во претходниот едногодишен период, Комисијата голем дел од нив ги отфрли.