Едвард Сноуден и четвртиот ден по ред го помина на аеродромот во Москва, додека руските власти укажуваат на тоа дека е време за негово заминување.
Засега неговото барање за азил во Еквадор е без резултат.
Поранешниот разузнавач Сноуден кој на новинарите им предаде детали од мониторинг програмите на САД, од Хонк Конг замина за Москва, откако американските власти побараа негова екстрадиција под обвиненијата за шпионажа.
Русија од друга страна нагласи дека нема намера да го уапси, но втор ден по ред руски официјален претставник го става под прашање неговиот престој во земјата.
„Тој не прекшил ниеден од законите на Руската Федерација. Тој не ја премина границата, останува во транзитната зона на аеродромот и има право да лета во било која насока“, изјави министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, за новинската агенција ИТАР-ТАСС.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, во вторникот нагласи дека и за земјата и за Сноуден би било најдобро што е можно побрзо тој да донесе одлука за негова крајна дестинација.