Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, денска изјави дека е постигнат договор за седумгодишниот буџет од 960 милијарди евра, кој треба да стапи на сила следната година.
Според Баросо, буџетот е пофлексибилен од порано, а според претставникот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, Буџетот е прифатлив.
Водечките партии во Европскиот парламент, минатата недела, соопштија дека нема да го поддржат предлогот на Буџет.
Земјите од Европската унија од минатата есен се обидуваат да се договорат за Буџетот за период од 2014 до 2020 година во време кога многу од нив поради економската криза западнаа во рецесија.
Со Буџетот се одредува колку ЕУ може да троши во сите области, од инфраструктура и земјоделство до мерки против невработеност и помош за развој.