Шведскиот актер Михаел Најквист, најпопуларен по својата улога во филмот „Девојката со тетоважа на змеј“, почина на 56 години. Во трилогијата, Најквист го играше новинарот Микаел Блумквист.
Причината е рак на белите дробови од што боледувал година дена.
Во Шведска важеше за еден од најпопуларните актери. Тој започнал во театарот во Малме. Се појави и на екраните во холивудски филмови.
Покрај Том Круз глумеше во „Невозможна мисија“, а со Киано Ривс соработуваше во „Џон Вик“.