Американскиот претседател Барак Обама изјави дека напорите на САД да го уапсат Едвард Сноуден ќе бидат спроведени преку рутински легални канали.
„Нема да испратам авиони за еден 29-годишен хакер“, изјави Обама.
Тој нагласи дека не разговарал ниту си кинеските ниту со руските власти за случајот.
Во меѓувреме Сноуден четврти ден по ред престојува во Русија. Руските власти изјавија дека не се заинтересирани за негово апсење бидејќи според нив, тој не прекршил ниеден од руските закони.
Поранешниот разузнавач Едвард Сноуден се откри како изнесувач на информации на американската владина програма за следење на мобилни телефони и повици, како и следење на e-mail адреси и интернет сообраќај на речиси сите Американци.