НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алаѓозовски: Културното наследство запоставено од претходната власт

0
By Влатко Чаловски on June 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Галеријата на икони во Музејот на Македонија, каде што се чува културно наследство на земјава, над три месеци е во катастрофална состојба. Од она што може да се види внатре, икони кои датираат од почетокот на 14.век, се чуваат во несоодветни услови а допрва ќе се проценува штетата за нив.

Како што посочија министерот за култура, Роберт Алоѓозовски и в.д директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов, целиот музеј е запоставен од претходната власт, која најавувала луксузни градби во доменот на културата, додека во исто време не се грижеле за оваа национална установа.

– Оштетувањата во просторијата на Галеријата на икони на Музејот на Македонија, направени на 09.03.2017 со паѓање на таванскиот дел и несоодветното реагирање во временски рок од повеќе од три месеци од страна на раководството е скандал од невидени размери, потенцираше Алоѓозовски.

Иконите во оваа галерија, која е единствена од ваков вид е прогласена за културно наследство и има особено значење.

Со цел да се санираат штетите, Алоѓозовски и Николов формирале тим составен со луѓе од Музејот, Националниот конзерваторски центар и Градскиот конзерваторски центар, кои во најскор можен период од една недела треба да утврдат за колкава штета се работи и колку средства ќе бидат потребни за да се зачуваат како иконите така и галеријата.

За тоа време, Николов информираше дека иконите ќе бидат преместени во просторија во која се прилагодуваат условите, а која е во сопственост на Министерството за одбрана.

– Воедно Министерството за култура ќе изврши ревизија на состојбата на музејските збирки и условите во кои тие се чуваат и ќе изработи приоритетна листа за санација на штетите предизвикани од претходната власт, дополни Алоѓозовски на заедничката прес конференција со луѓе од конзерваторските центри и в.д директорот на Музеј на Македонија.

На прашањето на НОВА, за да се направи компарација, колкав би бил износот доколку се утврди дека иконите кои беа потпрени и легнати на под, биле оштетени, една од конзерваторките присутни на прес-конференцијата одговори дека околу 120-те икони немаат цена бидејќи се културно наследство и за нив може да се зборува само во милионски суми, но систем за вреднување на овие дела не постои за да се даде прецизна бројка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.