Норвешкиот нео-нацист Андрес Брејвик, човекот кој уби 77 лица во 2011 година, денес испрати тужба против Норвешка во Европскиот суд на правдата. Тој се жали на «нехумани» услови во затворот каде ја лежи казната за масовното убиство.
Брејвик смета дека неговата изолација во затворот е кршење на неговите права. Тој веќе ги мина сите судски процедури во Норвешка и сите судов иго одбија неговото барање.
Според неговиот адвокат, затворските услови ги кршат членовите 3 и 8 од Европската конвенција за човекови права. Членот 3 забранува «деградирачки и нехуман» третман а членот 8 гарантира почит на приватниот живот и на кореспонденцијата.
Норвешка ги отрфла овие обвинувања. Затвореникот се третира како ВИП индивидува, вели адвокатот што ја застапува државата. Тој има на располагање три екипирани ќелии и има контакти со затворскиот персонал, неговиот адвокат и еден посетител на затвори.
Брејвик има денес 38 години а неодамна го смени името во Фјотолф Хансен. Осуден е на 21 година затвор, казна што може да продолжена во доживотна.
На 22 јули 2011 година Брејвик упадна во еден летен камп на подмладокот на левичарската партија на остворот Утоја, маскиран во полицаец, и уби 69 лица, главно тинејџери. Претходно со бомба тој уби 8 лица блиску до норвешката влада во Осло. Според него, неговите жртви биле виновни што граделе мултикултурализам.




