Арбитражниот суд во Хаг денес одлучи да и даде на Словенија пристап до меѓународните води на штета на Хрватска.
Словенечкиот премиер Миро Церар ја поздрави оваа одлука како «историска» по четврт век кавга помеѓу Загреб и Љубљана за заливот во Пиран.
Спорот меѓу Словенија и Хрватска датира уште од 1991 година и се однесува на суверенитетот на речиси ненаселена територија од 13 километри квадратни и на граничната линија во водите на Пиранскиот Залив, од што зависи дали Љубљана ќе има директен излез на отворено море. Коридорот до меѓународни води широк е околи 2,5 наутички милји и словенечките бродови и авиони ќе имаат слободен премин низ хрватското подрачjе.
«Мора да се креира пристапна зона помеѓу територијалните морски води на Словенија и отвореното море», изјави претседателот на Судот Жилбер Гијом. Одлуката и гарантира на Хрватска контрола на еден ден на Пиранскиот залив.
Одлуката на Судот е дефинитивна и мора да биде применета од двете земји. Но, Загреб одбива да ја примени. Хрватска се повлече од судската процедура во 2015 година. Според хрватската влада, оваа одлука не е обврзувачка. Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека неговата земја нема намера да ја примени одлуката.
Поради спорот, Словенија ги блокираше преговорите за членство на Хрватска во ЕУ речиси 10 месеци, по што Загреб се согласи на судска арбитража.
Набљудувачите велат дека одбивањето на Хрватска да ја спроведе одлуката ќе и донесе негативни поени на земјата во ЕУ и ќе биде контра-продуктивно поради тоа што Словенија е главниот влез за Хрватска во Шенген зоната.




