На вториот ден од самитот на ЕУ, во Брисел шефовите на држави и влади на државите-членки на Европската унија денеска нoсат конечна одлука за датумот за почеток на пристапни преговори со Србија.
Министрите надворешни претходно во Луксембург препорачаа Србија да почне пристапни преговори најдоцна во јануари 2014 година.
Сепак, Германија инсистира Советот на ЕУ во декември оваа година уште еднаш да ја потврди таа одлука, откако ќе се увери дека договорот за нормализација на односите Белград-Приштина во целост се спроведува.
И покрај фактот што мнозинството ЕУ членки бараа преговорите да почнат порано, без дополнителна потврда од Советот, според правилата на одлучување е потребен консензус- токму заради тоа преговорите не се очекува да почнат пред јануари, јави Танјуг.