Published: Friday, June 30, 2017 18:15
Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален фронт Марин ле Пен денеска е обвинета во врска со тврдењето дека нејзината партија присвоила еден милион евра од Европскиот парламент кои ги искористила за плати на своите соработници во Франција.
Адвокатот на Ле Пен Родолф Боселу за АФП изјави дека истражните судии ја повикале на сослушување 48 годишната политичарка.
-Како што и предвидовме ја обвинија, изјави Боселу и најави дека ќе се жалат.
Ле Пен претходно ги негираше обвинвањата и случајот го оцени како политички мотивиран.




