Азербејџанскиот гас наскоро стасува во Европа. Конзорциумот кој ја има лиценцата за експлоатација го избра Транс-Адриатик гасоводот (ТАП) да го пренесува гасот од труската граница преку Грција и Албанија до Италија, најави Европската комисија (ЕК). Преку новиот гасовод Транс-Анатолскиот гасовод (ТАНАП) кој се гради во Турција ќе го поврзе Каспиското Море со Европа.
Според претседателот на ЕК Хозе Мануел Баросо ова е „камен темелник за енергетската сигурност во ЕУ“ кој вчера во Брисел потпиша договор со претседателот на Азербејџан.
Од кризата на гасот во 2009 година ЕУ се труди да го обезбеди различни начини за снабдување со гас а една од стратегиите е да се отвори “Јужен гас коридор“ за да се поврзат европските пазари со Каспиското Море и Блискиот Исток. Отворањето на овој коридор заедно со работата финансирана од ЕУ во изградбата на интерконекции во ЕУ, ќе му дозволи на каспискиот гас да стаса во повеќе европски земји а особено во југо-источна Европа.
Меѓународната агенција за енергија предвидува дека побарувачката на гас во ЕУ ќе порасне од сегашните 526 до 622 милијарди кубик метри во 2030 година.