Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард изрази надеж дека еден ден акциите на ММФ во Европа, кои во моментот се на удар на критики, ќе бидат ценети.
Во интервју за Франс прес таа изјави дека во услови на отпор кон мерките за штедење во европските земји, заслугите на ММФ во регионот ќе бидат признати во иднина. Фондот досега учествуваше со четири пакети помош за земјите од еврозоната.
„Природно е што во ова време ММФ е окарактеризиран како нешто негативно, затоа што секогаш интервенира во кризна ситуација“, вели Лагард.
Признава дека одредени мерки биле многу болни, но порачува дека резултатите од финансиските програми на ММФ ќе стигнат на долг рок и за нив тогаш ќе треба да се суди. Како пример се посочува интревенцијата на Фондот во Азија во 90 -тите години од минатиот век.
„Во Азија, земјите кои тогаш го критикуваа Фондот сега се благодарни затоа што мораа да спроведат реформи. Се надевам дека еден ден и потезите на Фондот во Европа ќе бидат ценети вели Лагард.