Откако Велика Британија се откажа да претседава со ЕУ, Естонија денеска го презеде шестмесечното ротирачко претседателство од Малта, која претседаваше во првата половина од годината.
Естонија го презеде претседавањето половина година порано поради Брегзит, откако Британија се откажа од тоа.
-Веруваме дека во Европа постои широк консензус да можеме да одговориме на сите предизвици и да ги искористиме сите можности кои ни се нудат денес. Мора да поттикнуваме отвореност на општеството и на стопанството, а истовремено да обезбедиме зашптита и сигурност. Нашата улога е да пронајдеме рамнотежа меѓу различните погледи, традицијата и интересите во денешна Европа за да постигнеме најдобри можни резултати за европските граѓани, се наведува во соопштението од естонската Влада.
Во програмата на естонското претседавање се истакнати 4 приоритети- отворено и иновативно европско стопанство, сигурна и заштитени Европа, дигитана Европа и слободен проток на податоци и одржлива Европа.
Естонците како најважен приоритет го истакнуваат дигитализација на Европа, бидејќи ти со години се предводници во дигиталната технологија.
Во текот на претседавањето, Естонија ќе организира 45 настани поврзани со темите за дигитализација, а на 29 септември во Талин ќе се одржи сами посветен токму на дигитализацијата.




