Весникот Њујорк Тајмс посвети уреднички коментар на активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.
Овој коментар содржи само наслов и три збора: “За твитовите на Трамп: Престани. Само престани“.
Коментарот е објавен откако Трамп ги нападна телевизиските водители Мика Бжежински и нејзиниот вереник Џо Скарборо кои ја водат емисијата „Морнинг Џо“.
Американскиот претседател вчера го исмеваше изгледот и карактерот на Бжежински наведувајќи дека не ја гледа оваа емисија.
-Слушнав дека слабо гледаната емисија „Морнинг Џо“ лошо зборува за мене (Јас веќе не ја гледам). Па како тогаш онаа луда Мика, со низок коефициент на интелигенција и психопатот Џо три ноќи по ред воочи Нова година доаѓаа во Мар а Лаго и инсистираа да ми се придружат. Неа лицето и беше крваво од фејс лифтинг. И ги одбив, напиша Трамп на Твитер.




