Силното невреме што зафати делови од Шпанија вчера, посебно се манифестираше на улиците на градот Ѓироне кои беа прекриени со голема количина вода од обилните доѓдпви, но и мраз од градот, објави весникот Ел Национал. Во еден момент од 19 до 22 часот на телефонскиот број на протипожарната служба се јавиле 300 луѓе кои барале помош поради урнати дрвја, поплави, блокирани премини…
https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/2035857803303977/
Најголем проблем е пријавен во трговскиот центар Хиперкор каде паднал покривот па посетителите морале да бидат евакуирани.
Цивилната заштита прогаси состојба на узбуна. Измерени се 52 милилитри вода на метар квадратен во само 30 минути. Невремето било проследено со град, а количината на мраз достигнало на места и до колена, па граѓаните морале да ги извадат лопатите за снег за да ги расчистат улиците.
Поплавите биле толку интензивни што цели улици станале непроодни, а за тоа сведочат и бројни фотографии и видеа на социјалните мрежи.





