Еден од најголемите јужноамерикански кралеви на кокаинот Луиш Карлос да Роша, познат како „Белата глава“, кој бегаше од полицијата цели 30 години и дури направи пластични операции за промена на лицето, уапсен е во бразилската држава Мато Гросо, соопшти бразилската полиција.
Да Роша е уапсен во акцијата под името Спектрум во градот Сорисо што на португалски значи насмевка, с енаведува со полициското соопштение.
Да Роша си го смени името и личниот опис за да и избега на полицијата и продолжи да се занимава со трговија со дрога.
Како што се наведува, во полициската акција уапсен е човек кој важел за десна рака на да Роша, а во текот на операцијата во која учествувале 150 агенти запалени се луксузни автомобили, авиони, фарми и друг имот вреден 10 милиони долари.
Да Роша е обвинет дека развил голема мрежа која опфаќа производство на кокаин во џунглите на Боливија, Колумбија и Перу, а која ја дистрибуирала дрогата во Јужна Америка, САД и Европа.
Обвинет е и дека е еден од главните добавувачи кои владеат во големите подрачја на Сао Паоло и Рио де Жанеиро, и дека на основа на тоа стекнал околу 100 милиони долари лично богатство.




