Струјата поевтинува за 4,48%. Наместо 5,24% колку што вчера предложија регулаторите, денеска е донесена конечна одлука за намалување од 4,48%.
Според претходните информации, поевтинувањето доаѓа како последица на намалената потрошувачка на електрична енергија, но и намалениот увоз.
И покрај барањето на трите енергетски компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, струјата дека би требало да поскапи за 30 проценти, барање дадено на почетокот од месецов до Регулаторот, согласно нивните пресметки за трошоците на компаниите во претходниот едногодишен период, Комисијата голем дел од нив ги отфрли.