Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин му дадоа 48 часа на Катар да ги прифати барањата на земјите во коалиција, во спротивно најавија дополнителни санкции на веќе постоечките. Барањата се 13 на број.
Но според Катар, кој е обвинет од овие земји дека финансирал тероризам, ваквите обвинувања го нарушуваат меѓународното право.
Помеѓу барањата на четирите земји се и затворање на турска воена база во Катар и ограничување на дипломатските односни со Иран.
Но катарскиот министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдул Рахман ал-Тани неодамна испрати писмо до медијаторот меѓу земјите од Заливот и Катар, емирот на Кувајт, во кое го повикаа за поддршка.
– Светот мора да се соедини и да го запре неоправданото изолирање на Катар, како и понижувањето на нашата земја, и да се заложи за мир и безбедност во регионот, повика Рахман ал-Тани.
Но сојузниците, С.Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин и понатаму ги држат на сила економските санкции.
Министрите за надворешни работи на овие четири земји ќе се сретнат во среда за да разговараат за ситуацијата.
До тогаш, најголемата помош Катар ќе продолжи да ја добива од Турција и Иран.




