Published: Monday, July 3, 2017 18:47
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска предложи кратење на бројот на пратеници во францускиот Парламент за една третина. Според него, тоа ќе ја направи власта поефикасна и ќе постави нов пат за Франција.
Зборувајќи денеска од Версај, Макрон рече дека доколку законодавците не го поддржат неговиот предлог, следната година оваа идеја ќе ја стави на референдум.
– Во минатото процедурите беа ставени пред резултатите, правилата пред иницијативата, образложи Макрон, кој сака од 577, бројката на пратеници да биде 385, а во Сенатот од 348 да има 232 членови.




