Американскиот претседател Барак Обама ќе се сретне со јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, додека земјата продолжува да одржува молитви и бдеења за болниот поранешен лидер Нелсон Мандела. Авионот на Обама Air Force One слета во Преторија, во петокот вечерта, како дел од неговата турнеја на Африка, јавува Би-Би-Си.
Американскиот претседател го опиша г-дин Мандела како “херој за светот”.
Но, пред неговото пристигнување тој рече дека не очекува да го види поранешниот лидер, кој е критично болен во болница.
94-годишниот Мандела беше примен на 8 јуни со инфекција на белите дробови.