САД соопштија дека доколку мораат ќе употребат значајна воена сила против Северна Кореја, по лансирањето на ракетата со долг дострел во вторникот.
Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли на вонредната седница на Советот за безбедност рече дека исто така ќе биде поднесена и нова резолуција за Пјонгјанг во ОН.
Таа ова тестирање од вторникот го опиша како остра воена ескалација и се закани дека ќе бидат воведени и трговски санкции.
Неколку часа по нејзината изјава, САД и Јужна Кореја ипукаа уште ракети во Јапонското море како дел од воената вежба.
Но Пјонгјанг соопшти дека нема да преговора се додека САД не прекинат со непријателската политика против Северна Кореја. Кина и Русија се противат на употреба на воена сила.
Заменик рускиот амбасадор во ОН Владимир Сафронков и кинескиот амбасадор Лиу Џеи изјавија пред Советот за безбедност дека треба да се избегнат воените решенија на проблемот на Корејскиот полуостров и дека неприфатливо е и да се направи обид за „економско давење“ на Пјонгјанг со санкции, туку дека е потребен дијалог меѓу Северот и Југот.
И Западна Европа исто така го критикуваат неодамнешниот потег на Пјонгјанг и побараа узвојување нове резолуција со заострени мерки против Северна Кореја.
За ова разговараа и министрите за одбрана на САД и на Јапонија кои истакнаа дека тестирањето е неприфатлива провокација. САД притоа ги поворија заложбите дека ќе го бранат својот сојузник на Далечниот исток Јапонија.
Лансирањето на ракетата во вторникот беше последен од серијата сериозни тестирања и е во спротивност со забраната од Советот за безбендост на ОН.