Синоќа во МНТ – Центар се одржа пред премиера на претставата во режија на Владимир Милчин „Подемот и падот на кабарето“.
Во претставата настапува голема екипа од 22 актери кои го прикажуваат развојот на кабарето – од неговите почетоци, со Француската револуција на крајот на 18 век, до 1930-тите години кога е уништено од нацистите.
Основата на претставата се „Зелениот папагал“ од виенскиот автор Артур Шницлер чии дела, како и многу други еврејски, биле спалени од нацистите, и „Протестен собир“ и „Војна“ на Лудвик Тома.
Рeжисерот Милчин рече дека кабарето е уметност на слободата, а тоа го платило скапо. Биле цензурирани, притискани и протерувани. Дел од нив кој не криел што мисли и уметнички го изразувал својот однос кон стварноста бил убиен или депортиран. Претставата е уметничка посвета на илјадници кабаретисти кои пееле и играле на разни сцени, по визби и подруми, од Париз до Берлин.
Вечерва во тетарот МНТ Центар е премиерата на Милчин, “Подемот и падот на кабарето”, со почеток од 20 часот.