Се вжештува атмосферата помеѓу Мадрид и Барцелона. Причина не е топлото лето туку најавата на Каталонија дека повторно ќе одржи референдум за независност.
За шпанскиот премиер Мариано Рајох, каталонските сепаратисти во Барцелона се авторитарни и се закануваат дека веќе во октомври ќе прогласат независност доколку успее референдумот за самооппределување. Шпанското судство го забрани ова народно изјаснување на Каталонија.

“Од сите Каталонци и Шпанци барам да имаат доверба во иднината бидејќи авторитарните лудила нема да можат никогаш да ја изместат рамнотежата на нашата демократска држава”, изјави Рајох, шеф на шпанската конзервативна влада.
“Шпанија е голема земја бидејќи може да смета да енергијата на многу Шпанци и разумни Каталонци, демократи и умерени, но сите тие се се повеќе заборавени поради се порадикалната и поконфликтна тенденција”, рече Рахој.
Шефот на владата вчера доби поддршка од поранешниот премиер социјалистот Фелипе Гонзалес кој го спореди каталонскиот лидер Карлес Пуигдемон со Николас Мадуро, претседателот на Венецуела каде што со недели опозицијата се бори за правда со дикаторската власт.

Сепаратистичката коалицијата која е на власт во богатата Каталонија, со 7,5 милиони жители, предложи деновиве регионален закон кој треба да дозволи распишување на референдум за независност на 1 октомври и покрај забраната што ја изрече шпанската правда.
Но, Шпанија нема намера да ја остави Каталонија да стане независна. Шпанската влада на ова изјави дека државата ќе може во само 24 часа да ја парализира оваа иницијатива за незвисност доколку таа биде изгласана.
Во мерките што ги предвидува шпанската влада е притисок врз државните функционери Каталонци, пресија врз буџетот на Каталонија, мерки против директорите на фирмите кои би соработувале со каталонскиот регион.
Се замеша дури и министерката за одбрана Карме Марија Шакон. Таа не ја спомна директно Каталонија но нејзината изјава беше сфатена како закана. Таа рече дека армијата и цивилната гарда се тука за да го бранат Уставот и територијалниот интегритет.
На ова реагираше потпретседателот на Каталонија Карлес Пуичемон, изненаден што државата се заканува со насилство поради референдумско гласање. Тој увери дека Каталонија секогаш ќе се движи по демократски пат.

Прашањето на референдумот треба да биде следното: «Дали сакате Каталонија да биде незвисна држава во форма на република?».
Доколку одговорот на мнозинството биде потврден, поборниците на независноста се подготвени во 48 часа да прогласат независност без оглед на процентот на излезност на ова гласање.
Во спротивен случај, каталонската влада ќе свика нови регионални избори.
Анкетите на самата каталонска влада тврдат дека Каталонија е поделена по ова прашање: 48,5 отсто Каталонци се против независност а 44.3 отсто би гласале “за”.
“Јасно е дека влегуваме во фаза на силни тензии”, изјави за агенцијата АФП каталонскиот новинар Јозеп Рамонеда. Според него, каталонската влада не може повеќе да се повлече од барањата за референдум бидејќи работите се отидени предалеку.
Анализите велат дека во Каталонија барањето за незвисност воопшто не е ново и силно кај повеќе од половина од граѓаните па доколку Мадрид го спречува ова барање речиси дека нема сомнение дека улиците на Каталонија ќе бидат сцена на чести и масовни протести.




