Неколку илјади демонстранти се собраа денеска во Хамбург на протест против одржувањето на Самитот Г20, под слоганот „Разбијте го Г20“ и „Добредојдовте во пеколот“.
Притоа дојде до судир со полицијата откако екстремните активисти почнале да ја гаѓаат полицијата со шишиња, петарди и други предмети.
Полицијата возвратила со водени топови и солзавец.
Според полицијата, на протестот учествувале околу 8.000 демонстранти.
Екстремниот левичарски „црн блок“ вклучува неколку стотини активисти кои се облечени во црно и носат огромен црн балон.
Воочи и во текот на дводневниот самит се очекуваат околу 100.000 демонстранти.
На самитот во Хамбург ќе пристигнат светските лидери меѓу кои претседателите на Русија, САД и Кина.
За обезбедување на самитот се ангажирани околу 20.000 полицајци.




