Ел Салвадор денес стана 101 држава која што ја призна независноста на Косово, пренесе приштински извор од Министерството за надворешни работи на Косово.
„Ел Салвадор е следната држава која што ја призна независноста. Косово за тоа доби потврда од амбасадата на оваа држава во организацијата на ОН“ пренесуваат анонимни извор на косовското МНР.
Официјалното признавање се очекува да се случи во понеделник, кога во Приштина треба да пристигне писмо до Косово како независна и суверена држава.
Пред неколку дена Египет стана 100-та држава која ја призна независноста на оваа земја.
Прва земја која го направи тоа беше Авганистан, додека Македонија го призна Косово во 2008 година како 50 држава.