САД ја шпионирале ЕУ
ЕУ биле една од метите на Агенцијата за национална безбедност на САД, пишува германскиот Шпигл, повикувајќи се на доверливи докуметни до кои редакцијата дошла преку поранешниот советик во американската агенција, Едвард Сноуден.
Во еден од докунметите кои ги објави Шпигл Агенцијата за национална безбедност опишува како биле шпиунирани дипломатските претставништва на ЕУ во Вашинготн.
Според описот во овој документ, биле поставени микрофони во зградата на ЕУ а биле поставени и уреди со кои се следела електронската пошта и интерните документи на канцелариите на ЕУ во Вашинготн.
Во оперативната обработка била вклучена и канцеларијата на ЕУ во ООН. Според Шпигл, шпионските операции биле проширени и во Брисел со следење на комуникациите во седиштето на Советот на министрите.
Претседателот на ЕП, Мартин Шулц побара објаснување од американската администрација.