Во СОС линијата за жени- жртви на семејно насилство, телефонот е вжештен од јавувања, 24 часа- седум дена во неделата.
Дневникот е преполн со податоци од жени кои побарале помош од сопругот насилник. Ситуацијата во државата е алармантна.
Жената која е тепана и малтретирана во оваа држава најчесто молчи од срам да не дознаат соседите и роднините, а всушност сите знаат, велат операторите на СОС линијата.
Помош бараат најчесто жени на возраст од 45 до 65 години, кои трпеле и молчеле по 25 години поминати во брак. Поразителен е фактот што на крајот овие жени повторно се враќаат кај мажите насилници бидејќи се без егзистенција и немаат никаква помош од државата.