На Плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб, започнува програмата за влез на Хрватска во Европската Унија.
Како што јавува порталот Индекс, во Загреб цел ден пристигнуваат најголем број на странски делегации во историјата на оваа земја. За илустрација, за српскиот претседател НИколиќ, биле ангажирани 13 безбедносни возила. Програмата се темели на хрватското наследство од пописот на УНЕСКо.
Со говори се очекува да настапат премиерот Милановиќ, претседателот на ЕК Баросо, претседателот на ЕС, Ромпуј, претседателот на ЕП Шулц и претседателот на Хрватска Јосиповиќ (по тој редослед).
ФОТО: Од денеска и официјално страницата на ЕУ е напишана и на хрватски јазик.
ВИДЕО: Британската ИТН ТВ, со сторија за славењето на Хрватска за влезот во ЕУ и за начинот- како претседателот Јосиповиќ прославува.