Деветнаесет пожарникари загинаа вчера, борејќи се со пожарот во Аризона, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на државното шумарство.
Огромното мнозинство беа од Прескот, изјави Вејд Вард од Прескот противпожарната служба.
Претставникот на на државното шумарство Арт Морисон изјави дека пожарникарите биле членови на екипаж кој имал задача да ја копа огнената линија и да создава рута за бегство.
“Во нормални околности, кога ја копате огнената линија, треба да бидете сигурни дека имате добра рута за бегство, како дека имате поставено безбедносна зона “, рече Морисон.
“Очигледно, нивната безбедносна зона не беше доволно голема и огнот само ги престигна”.
Екипажот се бореше со пожар на Јарнел Хил, што избувна во петокот северозападно од Феникс. Оганот прерасна во површина од 1.000 хектари, оштетени се три куќи и принуди евакуација на жителите во заедниците Перпелс долината и Јарнел, рече Морисон .
Властите веруваат дека молња го предизвикала пожарот.