Најмалку три лица загинаа, а 174 се повредени во судирите во Египет во неделата, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјални лица, точно една година по првиот демократски избран претседател на земјата да дојде на власт.
Демонстрантите излегоа на улиците, барајќи оставка на претседателот Мохамед Морси. Неговите приврзаници, исто така, се собраа на она што беа претежно мирни демонстрации.
Сепак, најмалку едно лице загина во Бани Суеф, јужно од Каиро, во борбите меѓу двете страни, рече портпаролот на Министерството за здравство Јехуа Муса . Две други лица беа убиени во Аусит, рече тој. Сите тројцале претрпе прострелни рани.
Многу Египќани се загрижени за тензиите што доведуваат до драматична конфронтација.
“Египет е на работ на вулканот”, напиша државниот весник Ал-Алкхбар.