Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинството поскапуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за половина денар. Со тоа цената на ЕУРОСУПЕР од 95 октани ќе изнесува 78,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР од 98 октани ќе изнесува 80,00 денари.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар во однос на цените утврдени согласно претходната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 67,00 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 56,00 денари.
Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,25 денари за килограм. Со тоа новата цената на мазутот изнесува 40,425 денари за килограм.