Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Пратениците едногласно ја усвоија Декларацијата за реформските процеси

0
By Нова ТВ on July 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 14, 2017 18:23

Пратениците од власта и опозицијата, членови на собраниската Комисија за европски прашања едногласно ја усвоија предлог-декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во ЕУ и во НАТО.

Во документот се наведува дека се потврдува натпартиската сплотеност околу заедничките напори за обезбедување позитивна клима за реализирање на стратешката определба за членство во ЕУ и во НАТО. Исто така, се поттикнува Владата на доследно, неодложно и итно спроведување на итните реформи. Комисијата со документот, исто така, бара заложба за независно судство, транспарентност и ефикасност на судовите, професионализација на администрацијата, зајакнување на регулаторните тела, како и на социјалната кохезија и меѓуетничките односи и унапредување на односите со соседството.

Документот ќе биде испратен до Европскиот парламент (ЕП), претседавачот со Советот на министри на ЕУ, претседателот на Европски совет, генералниот секретар на НАТО, како и до претседателот на Европската комисија и до земјите членки на ЕУ.

Планот „3-6-9“ пред пратениците и амбасадорите го претстави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека Имаме шанса да ја извлечеме земјава од криза а за тоа  има поддршката од земјите членки на Европската Унија.

„Заев рече дека во првите три месеци ќе бидат спроведени реформите кои ќе овозможат Европската Комисија да го отстрани условот од препораката за отпочнување на преговорите за влез во Унијата. Реформите во правосудството, администрацијата, успешната кохабитација со претседателот на државата ќе бидат првите чекори што ќе ги преземе неговата Влада и ја побара поддршката од опозицијата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека овој план произлегува од Договорот од Пржино, како и од Владината програма за 2017-2020 година. Тој рече дека  има и конкретен дел со конкретни мерки кои се однесуваат на работата на Собранието.

Тој рече дека планот познат како „3-6-9“, како и Владината програма 2017-2020, се добра основа за создавање на вистинска инклузивност помеѓу сите парламентарни  политички субјекти.

Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи најави 73 мерки во првиот дел од планот. Мал дел од тие може да спроведе Владата, рече тој, додавајќи дека најголемиот дел зависат од волјата на институциите.

Илија Димовски, координатор на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие ја поддржуваат декларацијата, но не и „Планот 3-6-9“.

Димовски побара увид во Договорот за добрососедство со Бугарија, а во однос на владиниот акциски план рече дека опозицијата ќе работи конструктивно.

Тој, исто така, побара во декларацијата да се вметне точка со која ќе се бара почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во евроатлантските интеграции на земјата.

Димовски рече дека владиниот план „3-6-9“ не е ништо поинаков од плановите што претходната влада ги правела по секој извештај на Европската комисија, но за разлика од сега, тогашната влада во изработката на плановите ги вклучувала и опозицијата и другите партии.

„Бидејќи во составот на оваа влада имате министри од претходниот состав, можат да ве поучат“,  рече Димовски, додавајќи дека ќе поддржат дел од владиниот план, односно сето тоа што е за доброто на граѓаните.

Декларација План „3-6-9“ пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.