Вечерва на улицата Букурешка во скопската населба Тафталиџе соседите подготуваат акција за солидарност – ќе ја гушкаат скромната гаража на своите долгогодишни соседи – семејството Петковски. Своевиден протест против силеџиството наспроти питомите и воспитани жители на Тафталиџе, раскажуваат соседите. Ова не е било каква гаража, ова е гаража која што мора да биде урната затоа што новодојдените соседи сакаат да имаат поголем пат кој ќе води до нивниот двор со планирана подземна гаража. Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски не само што ја руши гаражата, туку од семејството Петковски ќе одзема и дел од дворот служејќи се со Законот за експропријација – закон со кој државата може да оттуѓува приватно земјиште, но само ако треба да се гради објект од јавен интерес на граѓаните. Дали просторот за минување на возилата на екс-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски спаѓа во проект од јавен интерес? Семејството Петковски обвинува дека заради личните интереси на екс минситерот, општина Карпош противзаконки врши насилство врз нив. Погледнете ја видео сторијата.