Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Корупција има во градежништвото и во трговијата

0
By Нова ТВ on July 2, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2013 13:31

Вработените во приватниот сектор во Македонија најчесто се жалат на корупција во областа на градежништвото и во трговијата, покажало истражувањето спроведено од агенцијата Рејтинг во сработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупција.

Најголем дел од испитаниците на прашањето „дали е зголемено или намалена корупцијата“, одговориле дека релативно бавно се менуваат работите на ова поле.

„Според истражувањето како најчеста форма на корупција или неетичко однесување се користат политичките или бизнис врските за добивање државни тендери или бизнис од страна на државата“ изјави Никола Спасов од Рејтинг пред одржувањето на јавната дебата за резултатите од истражувањето за тоа како граѓаните гледаат на корупцијата во приватниот сектор и квалитативната анализа за превентивните мерки.

Шефот на Одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Маркус Ролофс рече дека ОБСЕ гледа на корупцијата како нешто што ја загрозува стабилноста, безбедноста и развојот.

„ОБСЕ гледа на корупцијата како нешто што ја загрозува стабилноста, безбедноста и развојот. Затоа, во соработка со Државната комисија за спречување на корупција, се фокусираме на мерките за решавање на овој проблем во избраните области, со цел да се придонесе за поефикасна анти-корупциска политика во земјата,“ рече Маркус Ролофс, Шефот на Одделот човекова димензија во Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Претседателот на ДКСК, Ѓорѓи Сламков, додаде: “Резултатите од овие анализи претставуваат дополнителна мерка за поддршка на активностите утврдени во делот на приватниот сектор на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси 2011-2015, како и можност да се дефинираат идните активности за спречување на корупцијата во оваа област.”

Со цел да се подигне јавната свест за прашањата поврзани со корупцијата, во текот на оваа година ќе бидат организирани и други дебати во политичкиот сектор и локалната самоуправа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.