Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Турција го исфрли Дарвин од учебниците

0
By Нова ТВ on July 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 25, 2017 09:25

Турција ја исфрли од учебниците Теоријата на еволуција на Чарлс Дарвин. Во новата училишна програма оваа Теорија не се споменуива во ниту едно ниво во образованието, од основно до универзитетско.

-Теоријата за еволуцијата е над нивото на учениците и не е директно поврзана со училишната програма, и затоа не е дел од таа програма, изјави неодамна турскиот министер за образование Исмет Јилмаз.

Тој истакна дека новата програма ќе се применува од учебната 2017/2018.

Новата школска програма исто така ги обврзува верските школи, џихадот да го опишуваат како „патриотски по дух“, наместо да го преведуваат како „света војна“ против непријателите на исламот.

-Наша должност, исто така е да го исправиме она што се смета за погрешно. Затоа, чаовите  за исламскиот закон и основните верски лектири ќе ги опфаќаат и лекциите за џихадот, рече министерот Јилмаз.

Претседателот на Синдикатот на вработените во образованието овие промени ги опиша како огромен чекор во погрешна насока и обид да се избегне создавање на генерации кои поставуваат прашања.

Што е основата?

Оваа промена се чини дека е “реформа” базирана на советот до Министерството од Егитим Бир-Сен, конзервативен, провладин образовен сојуз. Така, “Почетокот на животот и еволуцијата”, единственото поглавје за еволуцијата во наставната програма во средното образование, ќе биде избришано од средношколски учебници. Поглавјето што ќе го замени ќе биде насловено како “Живите суштества и животната средина” и ќе бидат отстрането се она што упатува на дарвинистичката или “нео-дарвинистичката” теорија.

Со други зборови, турските средношколски дипломци нема да учат ништо за една од најважните научни теории, што ја објаснува различноста на животот на Земјата како производ на заедничкото потекло преку постепена промена и природна селекција.

Зошто турското Министерство за национално образование презема таков драматичен чекор?

Одговорот е очигледен за секој оној којшто ја познава турската „културна војна“: од почетокот на 2000-тите, религиозните конзервативци имаат превласт во Турција и нивниот отпор кон Теоријата на еволуцијата е добро воспоставена.

Многу од нив ја сметаат Теоријата како штетна на религијата и сакаат “да ги заштитат” младите генерации од такви “штетни” идеи.

Борбата околу Теоријата на еволуцијата во Турција потекнува од Отоманска Империја, во која постоеше релативна слобода на мислата. Самопрогласените отомански мислители на материјализмот, меѓу кои Абдула Џевдет и Суфи Етем, ги преведоа делата на научниците за еволуцијата, меѓу кои и германскиот биолог Ернст Хакел. Спротивно на тоа, некои исламистички отомански мислители, како Исмаил Фени Ертугрул и Филибели Ахмед Хилми излегоа со аргументи кои исто така ја доведуваа во прашање Теоријата на еволуцијата. Но, наместо да ја повикаат тогашната власт да ги замолчи спротивставените ставови, тие напишаа различни мислења.

Во многу повеќе секуларната републиканска ера Теоријата на еволуцијата влезе во учебниците и поп културата. Често се користеше во идеолошките тврдења, надминувајќи ја голата научна теорија. Во 1970-те, марксистите го напуштија Дарвинизмот како камен-темелник на својата дијалектичка материјалистичка филозофија. На дарвинизмот и на атеизмот почна да се гледа како на речиси слични концепти.

Од 1980-тите па наваму, преводот на книги од “новите атеисти”, како што е Ричард Докинс, додаде „масло на огнот“. Како одговор, исламистичкиот креационизам експлодирал во Турција, често користејќи аргументи позајмени од христијански креационисти во САД.

Под владеењето на актуелната владејачка партија Партија на правдата и развојот (АКП), проблемот постојано се појавува. Во 2009 година, Советот за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) го суспендира уредникот на своето месечно списание поради насловната страница на која е Дарвин. Во 2013 година, ТУБИТАК престана да објавува книги за еволуцијата.

Елиминирањето на теоријата на еволуцијата од средношколските учебници се чини дека е најновата битка во турската културна војна долга еден век. Религиозните конзервативци кои стојат зад овој потег најверојатно веруваат дека, бидејќи го водат образовниот систем, тие можат и да го исчистат.

Но, експертите сметаат дека нема корист од тоа учениците да се држат во незнаење, бидејќи дури и ако турските ученици никогаш не слушнат за еволуцијата во училиште, сигурно ќе се соочат со тоа во популарната култура. Затоа, од конзервативна религиозна гледна точка, зарем не би било поумно да ги учат учениците за збунувачка теорија заедно со објаснувања за да се направи помалку мистериозно?

Таквиот наставен план за еволуцијата дури и не би се спротивставил на заложбата на актуелната Влада да подигне “побожни поколенија”. Исто така, ќе ги направи побожните да бидат информирани, а подобро е да се биде и побожен и информиран отколку побожен и неинформиран.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.