Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Душевно болни седум години иселени од објектот, државата неплаќач

2
By Менче Атанасова Точи on July 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 19, 2017 19:45

Тешки душевни болни од Психијатриската болницата во Бардовци седум години се раселени од зградата каде што престојувале со години бидејќи Министерството за здравство, во време на екс министерот Тодоров одбило да и плати на фирмата која вршела реконструкција на објектот, дознава НОВА од извори болницата. Сега фирмата го тужи Министерството и бара да им се исплатат речиси милион евра, пари што им ги должи ресорното министерство.

Станува збор за околу 70 пациенти од четвртото и петтото машко одделение кои се раселени по другите одделенија и живеат во несоодветни услови, во соби кои што се пренатрупани со болни каде што се шири непријатен мирис. Овие болни се во многу тешка здравствена состојба и живеат зад решетки во болницата каде најчесто остануваат до крајот на животот, велат нашите извори.

Фото: Објект каде престојуваат пациентите обраснат со треви и коров, болните се жалат на змии

Доколку не се заврши проектот со кој започнала реконструкцијата на нивната зграда до крајот на годината ќе пропаднат парите кои се добиени со кредит од Централна Еврпската Банка, велат нашите извори.

Се почнало во 2009 година кога со кредит за реконструкција од ЦЕБ било предвидено да се изврши реконструкција на неколку објекти во вредност од три милиони евра во Психијатриската болница во Бардовци. На тендерот во 2010 година добила фирмата „Ингра“ АД од Загреб која требало да ги реконструира првото акутно и четвртото и петтото машко одделение.

Фото: Болничка соба каде што престојуваат дел од пациентите, пренатрупана со кревети

Реконструкцијата на првото одделение била завршена во дадениот рок, но проблемите се јавиле при реконструкцијата четвртото и петтото одделение.

Како што дознава НОВА, поради незаинтересираност на поранешното раководство во Министерството за здравство кое не ги плаќало сметките кон изведувачот “Ингра“ АД од Загреб, реконструкцијата на објектот се развлекла со години, за во декември минатата работата да биде стопирана.

Фото: Новиот реконструиран, незавршен објект

НОВА го контактираше изведувачот „Ингра“ АД од каде ја потврдија информацијата и потенцираа дека поради ваквата ситуација тие во јануари годинава поднеле тужба против Министерството за здравство за еднострано раскинување на договорот и за исплата на долг од 900 000 евра, пари од кредитот кои им ги должи Министерството за здравство, односно Проектната единица која работи под ова Министерство.

„На почеток работите течеа нормално, се до моментот кога од нас за непознати причини инвеститорот Министерството за здравство одби да ги плаќа ратите. Последната 16 времена ситуација беше ургентно заверена од Надзорниот орган  фирмата „Инком Инженеринг“во јуни 2016 година. Иако не ги добивме парите, ние од почит кон овој тип болни продолживме со санација се додека Надзорниот орган по наредба на инвеститорот Министерство за здравство престана да доаѓа на објектот. Во текот на 2016 година кога видовме дека нашите молби и укажувања да се заврши објектот не дадоа резултати, поднесовме тужба против ресорното Министерство“, изјави за НОВА Делчо Арсоски сопственик на „Ингра“ АД.

Фото: Објектот од внатре

И директорот на Психијатриската болница, Ќамил Ковачи тврди дека правел напори за да се реши проблемот, но вели дека не наишол на добар прием во Министерството за здравство.

„ Многу ни е потребен овој објект, кој реално е при крај на реконструкција. Болните живеат во отежнати услови. Настојував да се заврши санацијата, но проблемот не е до нас, туку меѓу Министерството за здравство и фирмата изведувач“, изјави за НОВА директорот Ковачи.

Од фирмата „Ингра“ АД се сомневаат дека во Министерството имаат направено пренамена на парите од кредитот за други објекти од здравството иако знаеле дека средствата се наменски и Банката не дозволува пренамена на средствата.

Арсоски вели дека објектот е до фаза пред примопредавање и во него има работа за само уште еден месец. И покрај се тие се согласни да се заврши работата и заради тоа  пред еден месец, тој се сретнал со министерот Арбен Таравар при што го запознал со проблемот. Таравари му ветил дека ќе се формира комисија за да го испита случајот, но до ден денес нема одговор што ќе превземат.

„ Ние како изведувач ќе си ги наплатиме парите по судски пат, но за гревота се болните кои се немоќни сами да си ги бараат своите права“, вели Арсоски.

НОВА не доби одговор како и дали Министерството за здравство планира да го реши проблемот. Дали новиот министер Таравари ќе успее да се справи со проблемот со незавршениот објект, ќе има ли одговор каде завршиле парите од кредитот кој треба да го исплаќаат граѓаните на оваа држава, има ли криминал во сето ова.

Инаку, на чело на Проектната единица која работи на проекти за реконструкција и изградба на објекти од здравството се уште е Јован Грповски, десна рака на екс министерот Никола Тодоров,  кој беше и советник во неговиот кабинет. Тој раководел со тимот на Проектната единица и кога била стопирана изградбата на објектот и не и биле исплатени парите на фирамата изведувач.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.