Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, денес е во посета на Грција.
Најавени се средби со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас а потоа и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, со премиерот Алексис Ципрас и со министерот за одбрана Панос Каменос.
По средбата со Коѕиас е закажана прес конференција.
Соопштението на Брисел не прецизира дали ќе стане збор и за Македонија и спорот со името. На 18 јули, по Советот за стабилизација и асоцијација со Македонија кој се одржа во Брисел, Могерини не можеше да вети дека ЕУ и таа лично ќе станат проактивни во спорот со името, но рече дека „со новата влада, подготвена да ги имплементира потребните реформи, постои реална можност земјата да се придвижи на патот на интеграцијата кон ЕУ“.




