Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп 6 месеци во Белата куќа: 1 прес конференција и 991 твита

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 20, 2017 18:22

Денеска Доналд Трамп ги комплетира првите шест месеци на функцијата претседател на САД.

Според медиумите, тоа може да се опише како деби исполнето со подеми и падови на бизнисменот и ѕвездата на реалните ТВ шоуа, што го означија судири со политички ривали и со медиумите, неуспешно ветување за укинување и замена на Обамакер и постојаното „протекување“ нови детали за улогата на Русија во изборите во 2016 година.

Но, во конзервативната база на републиканците Трамп има високи оценки во однос на изборот на судијата од Врховниот суд, судијата Нил Горсач, поради што партијата цврсто застана зад него во периодот на турбуленција насамиот почеток на мандатот, многумина изразувајќи  задоволство од неговите постојани напади врз мејнстрим медиумите. Сепак, тест за нивната доверба ќе биде втората половина од годината, која може да ја изгуби доколку помине без ветените законски изменувања.

Еве ја приказната за првите шест месеци од Трамп, според бројките.

Рејтингот

Поддршката за Трамп постојано се менуваше се донеодамна, кога премина во историски пад. Една неодамнешна анкета на Вашингтон пост / ABC News ја покажа бројката од 36% поддршка, при што ABC News оцени дека се работи за “најниската доверба во првите шест месеци што некој претседател ја имал во историјата на анкетите кои датираат веќе 70 години”.

Две други анкети објавени во последните неколку дена покажуваат поддршка од 40% (Блумберг) и 39% (Монмут) – или просек од малку повеќе од 38%/

Но, тоа не е единствената лоша вест за Белата куќа.

Анкетата на Wall Street Journal / NBC News покажа дека во федералните држави кадешто Трамп победи на изборите во 2016 година, тој сè уште едвај има рејтинг од  50 отсто.

Предизборни митинзи или прес-конференции?

За време на својата кампања за номинација, Трамп не само што одржуваше редовни прес конференции, тој дури и прифаќаше новинарски прашња – во живо и пред камера – за време на изборните вечери. Но, приказната се промени откако тој стана претседател. Од 20 јануари, тој одржа само една самостојна прес конференција.

Според Проектот американско претседателство тоа го прави Трамп да биде многу поназад од неговите претходници. Обама одржа 11 пресови во својата прва година на функцијата, Џорџ Буш одржа 5, а Бил Клинтон 12. Уште повеќе, Белата куќа го укина дневниот брифинг за медиумите како видео настан.

 

Трамп исто така покажа многу помала подготвеност да се соочи со своите поддржувачи. Откако ја презеде функцијата, тој одржал само пет митинзи во вид на кампањи: прво во Флорида, потоа во Тенеси, Кентаки, Пенсилванија и Ајова – сите држави што тој ги освои во 2016 година.

Колку закони одобри?

Трамп потпиша десетици извршни наредби и претседателски прогласи. Некои беа добри, некои не. На пример, неговиот закон за забрана за влез на грашани на претежно муслимански земји, прво предизвика хаос и беше ефикасно блокиран од серија правни предизвици. Но, во вториот обид, кога исто така се соочи со бран на тужби, на крајот беше дозволено да стапи на сила, на со ограничувања од Врховниот суд.

Се на се, Трамп потпиша 42 закони. Најзначаен можеби е Законот за заштита на одговорноста и заштитата на „свиркачите“ (поткажувачите), легислатива со двопартиска поддршка која нуди посилни заштитни мерки за потенцијалните информатори.

Но, кога станува збор за покрупните области, како инфраструктура, даночна реформа или укинување и/или замена на Обамакер, оценката за Трамп е – нула. Со законот за реформа во здравствената заштита кој како шт изгледа се наоѓа на тенок мраз, даночната реформа се очекува да биде голем предизвик за републиканците.

Меѓународните договори кои САД ги напушти

Во согласност со ветувањата во кампањата, Трамп ги повлече САД од два големи, мултилатерални договори за кои се залагаше администрацијата на Обама.

Првиот понеделник во Овалната канцеларија, Трамп потпиша извршна наредба за повлекување на САД од преговарачкиот процес на Транс-Пацифичкото партнерство. Одлуката беше една од ретките одлуки на Трамп, за што доби поддршка од делови од двете партии. Но неговата втора одлука не беше толку срдечно примено.

Неколку месеци подоцна, Трамп, по како што беше објавено, проширена внатрешна дебата во Белата куќа, во Роуз гарден објави дека ги повлекува САД од Договорот за климатските промени од Париз. Како додека демократите низ целата земја протестираа, Трамп изјави: “Бев избран од граѓаните на Питсбург, а не Париз”.

Средба со Макрон од нецела минута

Трамп се сретнал со неколку странски лидери за време на првите шест месеци на работното место, но како посебен пример се истакнува вниманието посветено на францускиот претседател Емануел Макрон. Покрај пестте контакти на состаноците во Брисел, и неодамнешната средба во Париз за време на посетата, тие двајца „потрошиле“ речиси цела минута за меѓусебна средба.

Тоа се три релативно кратки поздравувања, се на се 12 секунди, во Белгија.

Посетата на Трамп во Париз за ​​Денот на Бастилја беше помалку напната, со повеќекратно поздравување. Првпат тој го поздрави Макрон со тресење на раката во траење од 8 секунди, потоа го потапка по грбот двапати за време на заедничката прес-конференција, пред нивното маратонско збогување минатиот петок од 29 секунди додека се шетаа низ Шанзелизе.

Можеби изгледа како да се концентрира на ракувањето, но тука има вреден подтекст. Трамп „во лет“ учи дека дипломатијата како дел од претседателствувањето е многу различна од политиката што ја правеше за време на кампањата. И тој има список на светски кризи и ќор-сокаци со кои треба да се справи – од нуклеарните прашања во Иран и Северна Кореја, до ИСИС и најболното – односите со Русија. (Без да се споменуваат неговите спорни одлуки за повлекување на САД од тие големи климатски и трговски договори.)

Твиташе за …

Од моментот кога Трамп положи свечена заклетва на 20-ти јануари, на профилот  @realDonaldTrump на Твитер, до вторникот, објави 991 твита.

“Лажните” вести, медиумите или разни стории се споменати 82 пати.  Под “Џобс” се појавуваат во 46 твита, малку повеќе од двојно отколку под “Хилари Клинтон”, која е спомената во 22 твита.

За поранешниот претседател Барак Обама напишал 36 твита, додека за “Obamacare” – 45 постови.

Како ги троши своите викенди

Додека Барак Обама беше на функцијата, Трамп редовно на Твитер го критикуваше како го поминува слободното време.

Во февруари 2012 година, тој постигна своевиден рекорд кога , според сега непостоечкиот Вашингтон егзаминер, за викендот на Мишел Обама во Аспен напишал 16 твита, и тоа за пвиот одмор на Обама во цели три години.

Неколку години подоцна го критикуваш дека гледал кошарка, додека Путин размислувал како да го презме светот.

Но, како стои Трамп?

Според пребројувањата на Си Ен Ен, тој поминал 21 од своите први 26 викенди како претседател, на негов личен имот.

Од тоа поминал 40 дена во Трамп бренд голф имотот.

Државите што ги посетил од преземањето на функцијата, споредено со Обама и Буш

Трамп поминал голем дел од своето време како претседател или во Белата куќа или во неговата резиденција во Мар-а-Лаго, во Флорида. Исто така, поминал време во Бедминстер, Њу Џерси, каде се наоѓа Националниот голф клуб Трамп, и имал само едно патување во Њујорк.

Се на се, во изминатите шест месеци Трамп посетил 16 сојузни држави (сметајќи го Вашингтон ДЦ како негов примарен престој): Вирџинија, Пенсилванија, Делавер, Флорида, Јужна Каролина, Мериленд, Мичиген, Тенеси, Кентаки, Висконсин, Грузија, Њујорк, Њу Џерси, Конетикат, Охајо и Ајова. Или 10 федерални држави каде тој победи и шест кои гласаа за Хилари Клинтон.

За споредба, Обама до крајот на јуни од неговиот прв мандат бил во 14 држави. Неговиот претходник, Џорџ Буш, беше најактивен: посетил 32 држави во истиот временски период.

Број на ѕидови изградени со пари од Мексико

Нула – и ниту еден нема да има на повидок во скоро време.

Трамп неодамна зборуваше за тоа каков ќе биде, односно нема да биде ѕидот кон Мексико – и зошто луѓето треба да можат да гледаат низ него. Тој, исто така, сугерираше дека ќе биде обложен со соларни панели, идеја на компаниите за дизајн, кои тука гледаат извор на средства за неговата изградба.

И додека тој тврди дека Мексико на крајот ќе ја плати сметката – или како што вели тие “ќе бидат многу среќни да го платат”, како што изјави во мај – на теренот нема индиции дека тоа ќе се случи, ниту пак очигледен план за промена на оваа „игра“.

Сепак, Комисијата за апропријација минатата недела објави закон за домашна безбедност, каде се вклучени вкупно 1,6 милијарди долари побарани од Администрацијата за започнување на изградбата. Прашање е дали тој план ќе добие поддршка од Конгресот е отворено прашање – и потенцијална можност за уште еден црвен картон за администрацијат

Отпуштени специјални советници и директори на ФБИ

Еден од нив – скандалот околу тврдењата за контакти на членовите на неговиот персонал од кампањата со Русите кои влијаеле врз изборите, наводно, го натераа Трамп да го отпушти својот советник за национална безбедност (поради лага) и неговиот директор на ФБИ.

Тој, исто така, го натера Јавниот обвинител да се одрече од какви било истраги поврзани со 2016 година и Русија и од назначувањето на специјален советник за тоа, поранешниот директор на ФБИ, Роберт Милер.

Ниту еден претседател не сака да ги чуе зборовите “специјален советник” барем не во првите месеци од администрацијата. Но кога станува збор за Русија, Трамп попушти и се најде под постојано надгледување на неговиот персонал, неговото семејство и самиот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.