Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Берлин го заостри тонот кон Анкара

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 20, 2017 17:16

Германија денес го заостри тонот кон Турција, лута поради апсењата на борците за човекови права во Истамбул. Берлин одлучи да ја смени својата политика кон Анкара, особено економската.

“По целосно произволните апсења на германски активисти на организации за заштита на човековите права со неуверливи обвиненија за соработка со терористи, на германската влада не ѝ преостанува ништо друго освен да донесе три мерки со кои на Анкара ќе ѝ покаже дека вака повеќе не може. Пред нас е преиспитување на односите со Турција”, изјави министерот за надворешни работи Зигмар Габриел.

Германската влада одлучи повеќе да не дава гаранции за инвестициски кредити за Турција а заедно со европските партнери ќе се преиспита и претпристапната помош на ЕУ на Турција.

Третата мерка треба да ги погоди туризмот во Турција каде на одмор патуваат многу Германци.  Министерството за надворешни работи упати безбедносното предупредување до граѓаните на Германија.

“Со оглед на зачестените случаи на произволни апсења на германските државјани во Турција ние не можеме да реагираме поинаку освен да издадеме безбедносно предупредување до германските граѓани кои планираат да отпатуваат во Турција”, изјави Габриел.

“Нам по последните настани не ни остана ништо друго”, вели Габриел најавувајчи ги мерките договорени со канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократскиот кандидат за канцелар Мартин Шулц.

“Ние секогаш одново се обидувавме надевајќи се дека на другата страна ќе победи разумот, но сега капката ја прелеа чашата”, кажа Габриел кој го прекина годишниот одмор поради кризата со Турција.

Германско-турскиот новинар Дениз Јуцел, дописник на “Ди Велт” е уапсен и веќе 5 месеци се наоѓа самица без да биде обвинет.

За Габриел, Турција сака да ги “замолчи сите критични гласови во земјата”.

Пред неколку дена беше уапсен и еден германски ИТ експерт кој во Турција, во организација на Амнести интернешнел, одржал предавање за информатичка технологија и поради тоа беше уапсен под обвинување дека „го помагал тероризмот“. Во затвор е директората на Амнести Интернешнел.

Според германските медиуми овие уапсени лица служат за заложници и Анкара се надева дека ќе може да ги размени со Турците кои избегаа во Германија и таму побараа азил во ланскиот неуспешен пуч.

Според “Билд”, Ердоган веќе предложил да се направи размена со новинарот на “Ди Велт” со двајца екс-генерали на турската армија кои избегаа во Германија.

Денес Габриел подвлече дека сѐ уште постои надеж дека односот на Анкара ќе се смени.

Односите меѓу Германија и Турција се влошија по германските забрани за настапи на турските политичари во Германија, како и апсењата на германските државјани во Турција под обвинувања дека го помагаат тероризмот.

Сепак, маргините за маневар на Германија се ограничени поради договорот за мигранти помеѓу Анкара и ЕУ. На два месеци пред парламентарните избори во Германија, политичарите не сакаат да ризикуваат нов бран бегалци како што тоа беше случај во 2015 година.

Во Турција има 2 милиони бегалци, главно Сиријци, кои Анкара не ги пушта да тргнат во Европа. Ова е силен инструмент во рацете на Ердоган.

Турската реакција стаса веднаш:

“Сакаме во Германија да продолжиме да гледаме сојузник и пријател. Нашите односи не можат да бидат базирани на закани и уцени но врз меѓународни принципи и норми”, изјави министерот за надворешни работи преку соопштение.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.