Published: Thursday, July 20, 2017 21:30
Честер Бенингтон, пејачот на популарниот бенд Линкинг Парк се самоубил вечерва на 41 година, информираа американските медиуми.
Според полицијата, пејачот бил пронајден во неговиот дом во Палос Вердерс во Лос Анџелес во 9 часот по локално време, а самоубиството го извршил со бесење.
Бенингтон, заедно со неговиот бенд беа сениори во рап-метал правецот во музиката, со нивниот прв албум „Hybrid Theory“. Успехот не изостана ни по долгоочекуваниот втор албум „Meteora“, а бендот ја зацврсти својата позиција на светската естрада и со следните албуми.
Зад себе Бенингтон остави шест деца. Повеќе детали околу неговата смрт ќе бидат познати наскоро.




